Применувајќи врвно докажана програма на професионални материјали од швајцарскиот брендот Riwax®, процесот на полирање се одвива детално и повеќестепенски, користејќи професионални машински ротациони и орбитални полирки, а се со цел да се доведе површината на возилото во што е можно по беспрекорна состојба.
Прв чекор: Процесот на полирање започнува со внимателна деконтаминација на површината на автомобилот користеј препарат Riwax RX20® и патентирана глинена крпа. Во зависност од оштетувањето на лакот, онаму каде што е потребно површината се обработува со соодветна гранулација на шмиргли.
Втор чекор: Возилото машински се полира со волна и пастата Riwax PX100® максимачно одстранувајќи ги оштетувањата од лакот.
Трет чекор: Се продолжува со повторно машинско полирање на целиот автомобил со по мек сунгер и пастата Riwax PX200® што овозможува враќање на длабокиот сјај на лакот и воедно одстранува евентуални холограми.
Четврт чекор: Автомобилот темелно се пере, се пребришува и се остава целосно да се исуши.